Автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред за празниците

Автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред за празниците.
- По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време: билетарите што работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, додека билетарниците и центрите за персонализација што работат во две смени ќе работат од 08:00 до 18:00 часот. Во петок и недела дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Понеделник е неработен ден за сите билетарници и центри за персонализација - соопштија денеска од ЈСП - Скопје.
Од ЈСП-Скопје информираа дека Жичницата од петок до недела ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а во понеделник, вообичаено како и секој понеделник - нема да работи.
- Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови - додадоа од ЈСП - Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
