Македонија
8. September 2025 - 8:54

Автобусите на ЈСП - Скопје сообраќаат по неделен возен ред

Поради државниот празник „8 Септември“ - Денот на независноста, денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие сообраќаат по неделен возен ред.

Работат само билетарницата и центарот за персонализација кај Транспортниот центар.

Од ЈСП информираат дека жичницата денеска нема да работи. 

- Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за Жичницата се неработни денови, нагласуваат од ЈСП - Скопје.

 

МИА