-->
-->
Автобус во движење изгоре на автопат кај Солун
-->

Градски автобус целосно изгоре рано утринава во солунското предградие Синдос, откако во него избувнал силен пожар додека сообраќал на својата редовна линија. Како што пренесува грчкиот весник „Катимерини“, инцидентот се случил на автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони.
Во моментот кога се појавил пламенот, во возилото имало тројца патници и возачот. За среќа, сите четворица успеале навреме да го напуштат автобусот пред огнот целосно да го проголта. Иако противпожарната служба веднаш интервенирала, возилото е целосно уништено.
Грчките власти веќе спроведуваат истрага за да се утврдат причините за самозапалувањето на автобусот, кое предизвика краток застој во сообраќајот на овој дел од автопатот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
