Автобус се заби во Шевролет на патот Охрид - Кичево, има повредени
На 20.07.2018 година во 19 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево после мостот кај влезот за с.Горенци се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Шевролет“ со скопски регистерски таблици управувано од K.Х.Х.(55) од Скопје и автобус „Ивеко“ со охридски регистерски таблици управувано од Ч.К.(57) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош. Со телесни повреди се здобил возачот на автобусот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“. Со телесни повреди се здобила и патник во автобусот И.Ќ.(21) од Охрид која исто така со возило на Итна медицинска помош пренесена била во болницата „Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?