Свет
2. July 2016 - 10:13

Автобус ја пробил заштитната ограда и излетал од автопат, најмалку 26 мртви

Најмалку 26 лица погинаа во сообраќајна несреќа во Кина, кога автобус заради избушена гума слетал од автопатот во амбис, информираа денеска локалните власти.

Автобусот, во кој се наоѓале 30 лица, несреќата ја доживеал доцна синоќа, а четири лица утринава биле пронајдени живи, пренесоа американските медиуми.

Несреќата ја преживеале контролорот на билети, вториот возач и двајца патници, наведуваат локалните медиуми.

Кинеската агенција Ксинхуа објави дека автобусот ја пробил заштитната ограда на автопатот Тјанѓин-Џисјан, на околу 80 километри од Пекинг.