Австрискиот Црвен крст донираше електрични болнички кревети

Црвениот крст на Австрија денеска донираше преку 14.000 евра во електрични болнички кревети, наткасни и друг медицински инвентар. Донацијата е наменета за здравствените установи, но во најголем дел за Клиничкиот центар Скопје и Клиничката болница Тетово.
- Донацијата ќе се распределува врз основа на барањата и потребите на здравствените установи. Списокот на болниците е веќе направен, но дополнително ќе се утврди кои од нив, општи и клинички, ќе добијат донација. Со австрискиот Црвен крст имаме долгогодишна соработка и заедничка цел - подобрување на здравјето на населението, здравствените услуги и здравствениот систем воопшто, изјави ресорниот заменик-министер Јовица Андовски.
Во изминатите четири години Црвениот крст на Австрија обезбеди 300 болнички кревети за македонските здравствени установи.
- Денешната донација е потврда за улогата на Црвениот крст во општеството, неговото партнерство со државата, општествено-одговорното однесување и грижата за доброто функционирање на здравствениот систем, истакна генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити.
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
