Македонија
19. July 2023 - 8:13

Австрискиот амбасадор Вуцас во посета на Собранието

Амбасадорот на Република Австрија, Георг Вуцас денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Вуцас ќе одржи проштална протоколарна средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.