Австриски компании бараат деловни партнери во Македонија
Вкупно девет австриски компании од различни индустрии се претставија на денешниот бизнис форум во Стопанската комора. Остварија директни средби со македонски фирми зашто интенцијата им е, како што рекоа, наоѓање нови деловни партнери и интензивирање на трговската соработка.
Како што беше речено на форумот, идната соработка со австриските фирми е од големо значење зашто ќе овозможи зголемување на потенцијалите за извоз на македонските компании и на конкурентноста.
- Се обидуваме да најдеме партнери за да ја зголемиме соработката. Дојдовме да утврдиме дали има интерес кај македонските фирми за тоа, изјави Симон Адлер од фармацевтската компанија „Рокитан“ со седиште во Виена.
Според претставникот на „Ваидмилер“ за Македонија, Зоран Рабреновиќ, учеството на форумот е одлична можност за уште поголемо присуство на македонскиот пазар.
- „Ваидмилер“ е семејна компанија формирана во 1948 година, а произведува компоненти за индустриско поврзување. Дојдовме на форумот за да се претставиме пред македонскиот пазар и да најдеме партнери за да го зголемиме нашето присуство тука, истакна Рабреновиќ.
Јадранка Аризанковска од Стопанската комора потенцира дека ова е досега најбројната бизнис делегација од Австрија која учествува на деловен форум. Во просек, на форумите што беа претходно организирани, учествуваа по пет до шест фирми.
- Соработката со Австрија е од особено значење за нас, зашто овие средби често завршуваат со позитивни резултати. Австриските компании може да придонесат за трансфер на нови технологии и знаења и да им го отворат патот на македонските фирми на европските пазари, рече Аризанковска.
Австрија е 14. трговски партнер на Македонија и втора земја во делот на инвестициите. Според Централниот регистар, во 2013 година остварени се најмногу инвестиции, 73,8 милиони долари, а вкупната трговска размена во првите три месеци од 2016-та изнесува 40 милиони долари, што е раст од десет проценти во однос на лани. Извозот е 11 милиони долари или над 50 отсто повеќе, додека увозот 28 милиони долари, што е намалување за 0,6 отсто.
Ново на Сител
-
Пронајдена експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар