Австрија воведува забрана за шамии во училиштата за девојчиња под 14 години

Австрија следната година планира да им забрани на девојчињата под 14 години да носат шамии во училиштата, најави денеска министерката за интеграција Клаудија Плаколм.
Предлог-законот, кој наскоро треба да се дебатира во Парламентот, ќе се применува од учебната 2026/2027 година, изјави министерката, која е членка на централно-десничарската Австриска народна партија (ОВП).
Плаколм истакна дека носењето шамија не е верски ритуал, туку ги учи девојчињата да „развијат чувства на срам“, што доведува до „нарушена слика за телото“ и „нестабилна самодоверба“.
Највисокиот суд во Австрија во 2019 година го отфрли претходниот обид на влада предводена од ОВП да воведе ваква забрана.
Меѓутоа, членовите на актуелната влада, коалиција меѓу ОВП, Социјалдемократската партија на Австрија и либералната партија НЕОС, се уверени дека овој пат забраната ќе биде поддржана, истакнувајќи дека бројот на муслимански девојчиња под 14 години во австриските училишта оттогаш е зголемен од 3.000 на 12.000.
Предлог-законот предвидува дека доколку девојчињата носат шамија на училиште и покрај забраната, наставниците прво треба да разговараат со нивните родители, кои во случај на повторени прекршувања се соочуваат со парична казна до 800 евра.
Исламската заедница во Австрија ги критикуваше плановите, обвинувајќи ја коалицијата дека се грижи за политички поени наместо за добросостојбата на децата.
„Целта е да се профитира од антиисламското расположение“, се вели во претходната изјава на заедницата.
МИА
Ново на Сител
-

Традиционалниот словенечки појадок одбележан во Скопје под мотото „Мојот избор е словенечка храна“
-

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023
-

Од денеска се затвора патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица
-

Кривична против четири лица од Скопје, се заканиле со пиштол на едно лице и одзеле 188.600 денари и мобилен телефон
-

Божиновска: Енергетските реформи влегуваат во забрзана фаза - имаме план, имаме ред, имаме сигурност
-

Две лица во куќен притвор и мерки на претпазливост за седуммина кои се опфатени со истрагата за клубот „Пулс”
-

Во Велес се запалило возило во движење, оштетено и паркирано возило
-

Раст кај потрошувачки и станбени кредити, пад кај автомобилските кредити
