Австрија воведува строги мерки на границите пред Божиќ
Австрија планира да воведе строги мерки на аеродромите и границите за време на Божиќните празници, кои ќе се однесуваат на патувања во земји со висок ризик, пишува „Кронен цајтунг“, повикувајќи се на извори од Министерството за внатрешни работи.
Мерките ќе се однесуваат на патници од земјите обележани како ризични области, особено од Балканот и Турција, но и од Италија и Германија.
Секој што ќе одлучи да патува во ризични области и покрај предупредувањата, ќе мора да помине 10 дена во карантин по враќањето во Австрија.
Според австрискиот весник, мерките ќе бидат во сила до 10 јануари и ќе важат за сите земји кои имаат седумдневна стапка по бројот на пациенти поголема од 100 на 100.000 жители.
Засега не е познато кога мерките ќе стапат во сила, но весникот потсетува дека милиони христијани го слават Божиќ на 7 јануари и оти главната цел за воведување нови построги правила на границите е да се спречи избувнување на трет бран на пандемијата на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди