Австрија против проширување на Еврозоната

Австрискиот канцелар Кристијан Керн и шефот на дипломатијата Себастијан Курц го одбија предлогот на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер за вклучување на сите членки од ЕУ во Еврозоната.
- Сметам дека тој концепт е непромислен, изјави Керн за австриското државно радио О1.
Тој изјави дека за прием во Еврозоната секоја земја мора да ги исполни критериумите од Мастрихт, додавакќи дека на ЕУ и е потребно „повеќе Европа“ во економијата, борбата против даночните измами, дампинг цените на трудот и социјалните услуги.
- Се додека не биде спроведено сето ова, проширувањето на Еврозоната нема никаква смисла, бидејќи со тоа само би се зголемиле проблемите, нагласи Керн.
Тој додаде дека одличен пример за тоа што би можело да се случи ако во Еврозоната бидат примеми земји што не ги исполнуваат критеирумте е Грција, која, според него, придонела само за зголемување на проблемите, но не и за економска соработка.
Шефот на австриската дипломатија Курц исто така ја посочи Грција како пример за тоа дека во Еврозоната не треба да бидат примени земји што не ги исполнуваат условите.
- Еврото и Еврозоната беа и остануваат отворени, но само за оние што ги исполнуваат критериуните. Се додека критериумите не бидат исполнети, не може да се спроведе проширување (на Еврозоната), рече Курц.
Според него, членките на Еврозоната треба да ја избегнат можноста повторно да се доведат во иста ситуација како со Грција, со некој друга земја.
- Поради тоа мора прво да се исполнат критериумите, а потоа и да се почитуваат, додаде Керн.
Ново на Сител
-

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица – итно префрлена на Токсикологија
-

Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
-

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија
-

При претреси во Куманово пронајдени дрога и оружје, приведени три лица
-

Голем земјотрес регистриран во јужна Јапонија, издадено предупредување за цунами
-

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид: Во судир на три автомобили повредени 8 лица
-

Николоски: Успехот на Македонија во растот на авиолетови и туризам препознаен од Светска банка
-

Клековски: При патувања во Африка и Индискиот Океан да се следат препораките од СЗО за потребата за вакцинација и профилакса
