Австрија ќе воведува „Зелен пасош“ во три фази
Австриската влада донесе одлука за воведување на таканаречениот „Зелен пасош“ од 19 мај и ќе го спроведе во три фази.
Првата фаза од воведувањето на овој електронски документ, што треба да овозможи поголеми слободи за време на пандемијата, ќе биде едноставен доказ за вакцинација, негативен тест или закрепнување од короната.
Околу две до три недели подоцна, тој ќе биде национално применет со QR-код, по што се чека европско решение.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц, кога го објави планот за ублажување на мерките, рече дека, во врска со „Зелениот пасош“, со кој треба да се врати слободата на патување, Австрија не сака да ја чека ЕУ, но ќе ја воведе на национално ниво од 19 мај.
Сепак, неговата објава првенствено се однесува на електронски документ што ќе им овозможи на луѓето кои биле вакцинирани, заразени со коронавирусот или тестирани да посетуваат настани, гастрономија и хотели во Австрија.
Во втората фаза, владата сака доказите за вакцинација,прележани за коронавирус и негативен тест да бидат поврзани со QR-код, кој би следел на почетокот на јуни, така што оттогаш би можеле да зборуваме за австрискиот „Зелен пасош“.
Откако ЕУ ќе постигне договор за европската верзија на тој пасош, што ќе го регулира туризмот во текот на летото, Австрија ќе го прилагоди своето решение на заедничкото.
Според планот на австриската влада, луѓето кои ќе ја примат првата доза на вакцина, по три недели, ќе можат да повратат одредени слободи.
Во другите земји на ЕУ, тој рок, според сегашното размислување, е јасно пократок.
Во ЕУ е спорно и кои вакцини се сметаат за веродостојни, односно дали вакцините што не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе бидат прифатени.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска