-->
-->
Австрија испраќа 20 тони помош во Грција
-->
Австрија на почетокот на неделата ќе испрати 20 тони помош за Грција со цел полесно да се избори со мигрантската криза, најави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер.
Пратката, како што се наведува во соопштението ќе содржи кревети, хигиенски сетови и ќе биде испратена со три шлепери.
- Австрија со приемот на 90 илјади баратели на азил минатата година даде голем хуманитарен придонес за надминување на мигрантската криза. Знаеме што значи притисок и затоа сакаме да ги поддржиме сите партнерски земји, кои се од притисок, порача Микл Лајтнер.
Таа нагласи дека тоа е фер однесување и изрази надеж дека овој пример ќе го следат и многу други држави на ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд