-->
-->
Австрија ги засилува граничните контроли поради мигрантите
-->
Австрија ги засилува граничните контроли бидејќи се повеќе мигранти се обидуваат повторно да влезат во земјата, изјавија денеска министрите за внатрешни работи и за одбрана, Карл Нехамер и Клаудија Танер.
Околу 400 дополнителни војници првично ќе бидат испратени на границата. – Сведоци сме дека повторно се зголемува бројот на луѓе што ги приведуваме на австриската граница, рече Нехамер. Посебно внимание ќе се посвети на границата со Унгарија. Оваа година веќе се уапсени околу 200 шверцери на луѓе. – Целта е да се контролира движењето на мигрантите, додаде Танер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи