Австралиската Влада одобри построги мерки против тероризмот

Австралискиот Парламент денеска одобри нови, построги, законски одредби за борба против тероризмот, што на главниот обвинител ќе му овозможат да побара осудените терористи да останат во затворот и по издржување на нивните пресуди, јави ДПА.
Законот, што беше усвоен од Парламентот на неговото последно заседание во 2016 година, овозможува 12 месеци пред истекот на дадената пресуда главниот обвинител да побара од судот осудениот за тероризам да остане во затворот.
Главниот обвинител во Австралија, Џорџ Брандис, денеска пред Парламентот изјави дека судовите ќе треба да направат проценка дали некој затвореник претставува неприфатлив ризик. Затворениците ќе можат да повикаат експерт, избран од нив, кој ќе ги застапува пред судот.
Во Австралија има 17 затвореници, кои издржуваат затворски казни за тероризам, а кривични предмети за уште 40 лица се разгледуваат во судовите.
- Од 2014 година во Австралија се спроведени 24 антитерористички операции, од кои се покренати обвиненија за 55 лица, изјави Брандис.
Построгите одредби за престој во затвор беа усвоени откако е зголемена безбедноста во Парламентот во Канбера, како и на сите австралиски аеродроми.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нервозни зошто Артан Груби е уапсен и може да изнесе податоци за криминалите на Заев, Филипче и Спасовски
-

Кривична за поранешен директор на Здравствен дом Куманово, незаконски вработувал лица во установата
-

Следува период на стабилно и суво време
-

Уапсен беровчанец, возел со 1,96 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-

Со само 100 денари до нов автомобил!
-

Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
