Австралиска сенаторка повика на референдумско изјаснување за носењето бурка

Австралиската сенаторка и лидер на ултрадесничарската партија „Една нација“, Полин Хенсон денеска во Парламентот се појави облечена во бурка, како дел од нејзината кампања за забрана за носење на таа облека на муслиманските жени.
Таа побара да се одржи референдум, на кој народот ќе се изјасни дали да се забрани носењето бурка, нарекувајќи ја Австралија „патетична“ поради откажувањето од своите вредности за да ја дозволи муслиманската облека.
- Дали сме толку патетични како нација што се откажуваме од нашите вредности и кои сме навистина ние што сме загрижени за повредувањето на нечие чувство?, истакна сенаторката во австралискиот Парламент.
Хенсон во август во Парламентот 20 минути седеше прекриена со црната наметка, а потоа ја соблече и повторно побара забрана за носење бурка на јавните места поради безбедносни причини.
Јавниот обвинител Џорџ Брендис го осуди ваквиот потег на Хенсон и ја предупреди за навредување на верските заедници.
Австралиската ултрадесничарска сенаторка води антимигрантска политика и остро се спротивставува на градење џамии во земјата.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
