Австралија предлага забрана на социјалните мрежи за помлади од 16 години
Австралискиот премиер Ентони Албанез соопшти дека неговата влада законски ќе ги забрани социјалните мрежи за деца под 16-годишна возраст, што е прв таков предлог во светот.
– Социјалните мрежи им штетат на нашите деца и сакам да ставам крај на тоа, рече Албанез на прес-конференција.
Законот годинава ќе биде испратен до Парламентот, а ќе стапи во сила дванаесет месеци откако пратениците ќе го прифатат, додаде тој. Корисниците со родителска согласност нема да бидат исклучок.
– Социјалните мрежи ќе имаат обврска да го спречат пристапот. Тој товар нема да биде ниту на децата, ниту на родителите, рече австралискиот премиер.
Министерката за комуникации Мишел Роуланд појасни дека законот ќе важи за платформите на Мета – Инстаграм и Фејсбук, како и за ТикТок и Х на Илон Маск, а веројатно и за Јутјуб.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат
-
Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на жителите на Аеродром против депонијата Вардариште
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк