Австралија предлага забрана на социјалните мрежи за помлади од 16 години
Австралискиот премиер Ентони Албанез соопшти дека неговата влада законски ќе ги забрани социјалните мрежи за деца под 16-годишна возраст, што е прв таков предлог во светот.
– Социјалните мрежи им штетат на нашите деца и сакам да ставам крај на тоа, рече Албанез на прес-конференција.
Законот годинава ќе биде испратен до Парламентот, а ќе стапи во сила дванаесет месеци откако пратениците ќе го прифатат, додаде тој. Корисниците со родителска согласност нема да бидат исклучок.
– Социјалните мрежи ќе имаат обврска да го спречат пристапот. Тој товар нема да биде ниту на децата, ниту на родителите, рече австралискиот премиер.
Министерката за комуникации Мишел Роуланд појасни дека законот ќе важи за платформите на Мета – Инстаграм и Фејсбук, како и за ТикТок и Х на Илон Маск, а веројатно и за Јутјуб.
Ново на Сител
-
Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба
-
СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР