Австралија предлага забрана на социјалните мрежи за помлади од 16 години
Австралискиот премиер Ентони Албанез соопшти дека неговата влада законски ќе ги забрани социјалните мрежи за деца под 16-годишна возраст, што е прв таков предлог во светот.
– Социјалните мрежи им штетат на нашите деца и сакам да ставам крај на тоа, рече Албанез на прес-конференција.
Законот годинава ќе биде испратен до Парламентот, а ќе стапи во сила дванаесет месеци откако пратениците ќе го прифатат, додаде тој. Корисниците со родителска согласност нема да бидат исклучок.
– Социјалните мрежи ќе имаат обврска да го спречат пристапот. Тој товар нема да биде ниту на децата, ниту на родителите, рече австралискиот премиер.
Министерката за комуникации Мишел Роуланд појасни дека законот ќе важи за платформите на Мета – Инстаграм и Фејсбук, како и за ТикТок и Х на Илон Маск, а веројатно и за Јутјуб.
Ново на Сител
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата