Свет
19. February 2016 - 12:20

Австралија побара Кина да се откаже од милитаризација на Јужното Кинеско Море

Австралискиот премиер Малком Турнбул денеска изјави дека и неговата држава ја загрижува изградбата на вештачки острови во Јужното Кинеско Море, на кое Кина изгради цивилни и воени објекти.

Турнбул со ова ја поддржа изјавата на државниот секретар на САД Џон Кери, според кого изградбата на воени објекти и допремување на балистички ракети земја – воздух во водите на морето претставува доказа за зголемена милитаризација, која ја зголемува опасноста за стабилности мир во регионот.

Кина изгради вештачки острови во коралните спрудови Спратлеј, на чија површина сувереност освен Кина полагаат и Филипините, Тајван, Брунеј, Малезија и Виетнам.

Кинескиот претсдател Кси Џинпинг, потврдувајќи ја новата состојба на територијата на Јужното Кинеско Море деновиве изјави дека ситуацијата во тоа подрачје е навистина напната. Тој побарал споровите да се решат со билатерални преговори и да се избегне мешањето на другите големи сили, со цел да нема пораст на тензиите кои можат да предизвикаат несакани последици.

Јужното Кинеско Море е најзначајниот и најголем простор во кој се одвива транспортот во меѓународната трговија, а има големи резерви нафта, гас и минерали. Морето е едно од набогаите според рибниот фонд.