Австралија ќе распореди резервисти за гаснење на пожарите
Австралискиот премиер Скот Морисон денеска изјави дека Владата ќе испрати 3.000 војници резервисти како помош во гаснењето на пожарите што го зафатија југоисточниот дел на земјата.
– Видовме дека оваа катастрофа ескалира, изјави Морисон и додаде дека ќе бидат инвестирани околу 14 милиони американски долари за набавка на четири нови авиони канадери.
Според него, гаснењето на пожарите е одговорност на државата и пожарникарите, но големиот број пожари бара и национален одговор.
Министерката за одбрана Линда Рејнолдс изјави дека ова е првпат во историјата на Австралија да се распореди војска за да помогне при справување со пожарите.
Температурите во некои делови на источна Австралија надминаа 40 степени, а властите предупредија дека денеска ќе биде „многу опасно“.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница