Аврамопулос: Грција има рок до 12 мај да ги регистрира сите мигранти

Европската Унија ќе и даде рок на Грција до 12 мај да ги регистрира сите мигранти и бегалци или Атина ќе се соочи со натамошни контроли на границите во Европа, изјави денеска еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос.
- Грција ќе има рок до мај да ги заштити своите надворешни граници, рече Аврамопулос за германскиот весник „Велт“.
Како што додаде овој поранешен грчки министер, Европската Комисија на 12 мај ќе ја процени ситуацијата.
- Доколку процениме дека резултатите не се успешни, нема да се двоумиме да поставиме барања за продолжување на контролата на границите во Европа, истакна тој.
Според него, целта е до ноември да се укинат сите контроли на границите што се воведени како резултат на миграциската криза во рамки на Шенген зоната.
Европската комисија планира да половината на март да ги покаже почетните планови за реформа на Даблинските прописи, според кои барањето за азил мора да биде поднесено во земјата во која барателот прво влегува.
- Се придржуваме до плановите од механизмот за трајна распределба на бегалците. Тоа ќе биде поврзано со плановите за реформа на Даблинските прописи. Покрај тоа, ќе ги претставиме и плановите за усогласување на азилантските стандарди во Европа, рече Аврамопулос.
Грција беше главната порта за речиси милион мигранти и бегалци кои во текот на минатата година од Турција минаа преку Егејско Море на пат кон побогатата северозападна Европа, потсетуваат британските медиуми.
Толкавиот прилив ја поттикна Австрија и другите земји долж балканскиот мигрантски коридор да воведат ограничен влез на своите граници, што значи дека најмалку 30.000 лица кои бегаат од судирите и сиромаштијата на Блискиот исток сега се заглавени во Грција.
Истовремено, некои држави членки на ЕУ во источна Европа се противат на задолжителните квоти за распределба на мигрантите по земјите од 28-члената Унија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Каменот тежи на своето место, ни треба секој родум од Македонија кој може да придонесе за развој на татковината
-

Утре дожд и снег на планините, од петок стабилизирање на времето
-

Украина го објави ревидираниот мировен план од 20 точки, изготвен со САД
-

РКЕ: Зголемено отчитувањето на броилата - 95 отсто на тримесечно ниво, воведени нови мерки за подобра услуга
-

Поради немање кворум одложена седницата на Судскиот совет
-

Апел за помош: Исчезнат е скопјанец, семејството бара помош од граѓаните
-

100 нови амбулантни возила и решавање на паркингот во Клинички центар
-

Пронајдена марихуана при претрес во Штип
