АВМУ бара од Канал 77 емитување идентичен програмски сервис
Агeнцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе програмски надзор на програмата што ја емитува радио Канал 77 во Скопје, Битола и Штип при што констатира дека постои разлика во обемот и во составот на некои од рекламните блокови, додека составот на музиката и содржината на емисиите – новинарски обликуваните целини, е идентичен.
Агенцијата, како што соопштуваат, го извести Радио Канал 77 дека треба на целата територија на Република Македонија да емитува идентичен програмски сервис (вклучувјаќи ги и рекламите), што треба да го стори најдоцна во рок од 45 дена.
Појаснуваат дека секој радиодифузер, со доделувањето дозвола од страна на Агенцијата, стекнува право да го емитува програмскиот сервис на подрачјето за кое е издадена дозвола. Програмскиот сервис пак, законски е дефиниран како целина од програми и други елементи (како на пример рекламите) на една единствена аудио или аудиовизуелна медиумска услуга што ја обезбедува конкретен радиодифузер, а е наменета за прием од страна на јавноста. Оттаму, ниту еден радиодифузер не може да емитува различна програма во различни региони.
Ново на Сител
-
Уште денеска пријавување на немоќни и болни лица за гласање на локалните избори
-
Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди јужниот дел на Филипините
-
Без струја корисници на улиците „Будимпештанска“ и „Урош Џудовиќ“ во Карпош
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура ќе достигне до 22 степена
-
Трамп: Ја завршивме војната во Газа
-
Од 8:30 часот утре без вода жителите на третата зона Припор и на улицата Виктор Иго и околните улици
-
Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа
-
Путин: Искрено се надевам дека ќе биде спроведен планот на Трамп за Појасот Газа