Македонија
1. January 2020 - 12:35

Авиосообраќајот на првиот ден од Новата година се одвива тековно

Авиосообраќајот на првиот ден од Новата година се одвива тековно. Реализирани се сите планирани полетувања и слетувања.

На скопскиот аеродром, според информациите од нивната веб страница, утринава реализирани се сите полетувања меѓу кои за Гетеборг, Лондон и Ларнака, а слетале авиони од Копенхаген, Франкфурт, Берлин, Доха и Ларнака.