Авионот „Солар импулс 2“ слета во Њујорк
Експерименталниот авион на соларен погон „Солар импулс 2“ денеска слета во Њујорк, во последната фаза од својот пат околу светот.
Авионот од швајцарско производство прелета над Статуата на слободата и влезе во градот пред да слета изутринава на њујоршкиот меѓународен аеродром „Џон Ф. Кенеди“.
„Солар импулс 2“, кој има за цел да промовира чиста енергетска технологија, доцна синоќа полета од аеродромот во Пенсилванија.
Според првичниот план, експерименталното летало требало кон „Големото јаболко“ да тргне в понеделник, но поради поројните дождови и бурата со грмотевици во оваа област морало да остане приземјено.
Во рекордниот обид да го обиколи светот без ниту една капка гориво, авионот на соларен погон тргна на своето прво патување во март од Абу Даби, а во текот на летот ги посетуваше Оман, Мјанмар, Кина и Јапонија.
Ново на Сител
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство