-->
-->
Авионот на Морган Фриман принудно слета
-->
Приватниот авион во кој бил познатиот американски актер Морган Фриман принудно слета на мал аеродром во американската држава Мисисипи, бидејќи гумите на леталото пукнале при полетувањето, јавија американските медиуми, дополнувајќи дека никој не е повреден.
Според Си-Ен-Ен, инцидентот се случил синоќа, кога авионот полетал од Кларксдејл во Мисисипи, на пат кон Хјустон, а принудно слетал на малиот аеродром во местото Туника.
- Работите некогаш не одат како што сте планирале. На полетувањето пукна гума, што предизвика и други проблеми. Но, благодарејќи на мојот одличен пилот Џими Хобсон, слетавме безбедно, без ниту една гребаница. Тоа не можам да го кажам и за мојот авион, се наведува во изјавата на оскаровецот Фриман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Намалување на апетитот за проширување на ЕУ
-
Дали со лажни потврди за примени вакцини во Бугарија родители сакаат да ги запишаат децата во училиште?
-
500 ученици во хуманитарна трка
-
Преглед на вестите од светот
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција
-
Дали Македонија напредува на патот кон ЕУ?