Авиокомпанијата Рајан Ер планира да го поврзе Скопје
По успехот со воведувањето субвенционирани летови преку нискобуџетната унгарска компанија Виз Ер од аеродромите во Скопје и Охрид, доаѓа најава дека и Рајан Ер, водечката европска и светска авио-компанија, ќе ја стави Македонија на својата мапа.
- Водиме разговори со македонската Влада за воведување летови до Скопје, изјавил Робин Киели, директор на одделението за односи со јавноста на Рајан Ер, за Екс-Ју Авијација, интернет страница специјализирана за следење на вестите од авиосообраќајот на Балканот.
Рајан Ер е најголема авиокомпанија во Европа и најголема компанија според бројот на пренесени патници во светот и беше пионер во воведувањето евтини авионски летови, првин меѓу помалку користените аеродроми во Европа, а денес поврзува 30 европски држави. Според веста, Рајан Ер разговарал со македонските власти за воведување поголем број летови од Скопје, кои, слично како во договорот со Виз Ер, би биле субвенционирани од Владата.
Во веста се наведува дека аеродромот Александар Велики во Скопје забрзано станува главен центар за нискобуџетните авиокомпании во регионот и особено се очекува да доживее подем во текот на јули, со воведувањето на новите пет линии на Виз Ер. Во веста се проценува дека скопскиот аеродром ќе го повтори успехот од минатата година, кога имаше пораст на бројот на патниците за 22 проценти, и годинава ќе забележи пораст од дури 25 проценти.
Ново на Сител
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение