Авганистанскиот претседател Гани потпиша мировен договор со лидер на бунтовничка група
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска потпиша мировен договор со воениот командант и лидер на групата „Хезб и ислами“, Гулбудин Хекматијар, и притоа вети дека ќе лобира кај САД и ОН тој и неговата група да бидат избришани од списокот со терористи, пренесоа американските медиуми.
Церемонијата директно беше пренесувана на телевизија. Гулбудин Хекматикар учествуваше на церемонијата преку видо врска.
Ова е прв мировен договор што авганистанската Влада го склучува со бунтовничка група од почетокот на војната со талибанците, во 2001 година.
Спогодбата веднаш беше поздравена од меѓународната заедница, како можна рамка за идниот мировен договор со талибанците.
По укинувањето на санкциите, се очекува Хекматијар да се врати во Авганистан по приближно 20-годишното прогонство од земјата. Се нагаѓа дека во моментов тој се наоѓа во Пакистан.
Според неуменуван претставник на неговата партија, тоа може да се случи за неколку недели.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено