Авганистан: Во самоубиствен напад убиени најмалку 18 лица
Најмалку 18 лица загинаа, претежно цивили, во денешниот самоубиствен напад со автомобил-бомба во источен Авганистан, извршен врз конвој на локалните сили за безбедност, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи.
Портпаролот прецизираше дека цел на нападот била група обезбедување на американските сили во провинцијата Хост. Повеќето од жртвите се цивили. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, но нивниот портпарол соопшти дека убиени се 22 лица.
Во друг напад, во близина на автобуската станица и стадион, се повредени шестмина цивили, меѓу кои две деца.
Во борбите меѓу силите за безбедност и бунтовниците загинаа уште најмалку 36 лица во текот на првиот ден од светиот муслимански месец Рамазан.
Во северозападната провинција Бадгис, бунтовници ги нападнале силите за безбедност, при што се убиени 22 бунтовници, шестмина војници и осуммина цивили, соопшти портпаролот на гувернерот на покраината. Повредени се 33 бунтовници и 17 цивили.
Ново на Сител
-
Затворен за сообраќај мостот на реката Вардар кај Башино село, намалена видливост на патот Тетово-Гајре
-
Модриќ поради вирус ќе го пропушти полуфиналето на шпанскиот Суперкуп
-
Со највисоки државни почести во Вашингтон почна погребот на Џими Картер
-
МНРиНТ: Изјавата на Костадинов е недолична, очекуваме да биде отфрлена од официјална Софија
-
Почина еден од тешко ранетите во масакрот во Цетиње
-
МЖСПП: Институциите се мобилизираат и координираат согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“
-
Трамп за пожарите го обвини гувернерот на Калифорнија и го повика да поднесе оставка
-
Јаневска за дискриминацијата на ученикот од Миравци: Ќе се работи повеќе на почитување на личните права и на различностите