Авганистан: Во самоубиствен напад убиени најмалку 18 лица
Најмалку 18 лица загинаа, претежно цивили, во денешниот самоубиствен напад со автомобил-бомба во источен Авганистан, извршен врз конвој на локалните сили за безбедност, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи.
Портпаролот прецизираше дека цел на нападот била група обезбедување на американските сили во провинцијата Хост. Повеќето од жртвите се цивили. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, но нивниот портпарол соопшти дека убиени се 22 лица.
Во друг напад, во близина на автобуската станица и стадион, се повредени шестмина цивили, меѓу кои две деца.
Во борбите меѓу силите за безбедност и бунтовниците загинаа уште најмалку 36 лица во текот на првиот ден од светиот муслимански месец Рамазан.
Во северозападната провинција Бадгис, бунтовници ги нападнале силите за безбедност, при што се убиени 22 бунтовници, шестмина војници и осуммина цивили, соопшти портпаролот на гувернерот на покраината. Повредени се 33 бунтовници и 17 цивили.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот