Авганистан рекордно го снижи рејтингот на Бајден
Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден падна на рекордно ниско ниво од 46 отсто, откако радикалните талибанци го прездоа Авганистан. Тоа го покажува анкетата на Ројтерс, пренесува БГНЕС.
Ова е најниската оценка за работата на Бајден за целиот период од неговиот досегашен мандат како шеф на државата.
За само една недела, рејтингот на поддршката на претседателот се намали за 7 отсто, што е исто така рекорден пад.
Возрасни граѓани учествуваа во анкетата на Ројтерс. Бројот на испитаници не е наведен. Исто така, не се дадени информации за статистичка грешка.
По повлекувањето на поголемиот дел од западниот воен контингент од Авганистан, талибанците започнаа голема операција за да ја добијат контролата врз земјата. Борците од движењето влегоа во Кабул на 15 август без борба и во рок од неколку часа воспоставија целосна контрола над авганистанскиот главен град. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека поднесува оставка за да спречи крвопролевање и ја напушти земјата. Влијателните локални политичари Хамид Карзаи, Абдула Абдула и Гулбедин Хекматијар формираа Координативен совет за мирен трансфер на власта од претходната влада на талибанците. Западните земји ги евакуираат своите граѓани и вработените во амбасадите од земјата.
Ново на Сител
-
Се очекува нормализирање на јавниот превоз во Скопје - Најавен протест околу 14 часот
-
Просечната нето плата во септември 41 585 денари
-
Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“
-
Зеленски до сојузниците: Путин ве тестира, мора силно да одговорите
-
Трамп ја номинира Пем Бонди за јавна обвинителка откако Мет Геjц се повлече
-
Ким Џонг-Ун ги обвини САД за провокации и засилување на тензиите
-
Облачно со врнежи од дожд, ќе дува засилен јужен ветер
-
Состојба на патишта