„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук

Фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит им се извини на Европската фудбалска унија (УЕФА) и на холандскиот Ајакс поради антисемитските скандирања на навивачката група „Торцида“. Од клубот порачаа дека се подготвени да ја прифатат одговорноста за инцидентот.
Спорните настани се случиле на натпреварот во кој Хајдук славеше со 2:1 против Ајакс, воедно прв настап на сплитскиот тим во групната фаза на европско натпреварување по пауза од 16 години.
Средбата беше засенета од навредливи и антисемитски пораки од трибините, меѓу кои и скандирањата „Газете ги Евреите“, „Аушвиц, Аушвиц“ и „стани Адолфе (Хитлер)“. Покрај тоа, натпреварот беше прекинат во траење од 15 минути поради фрлање факели и употреба на топовски удари.
Во официјалното соопштение, Хајдук нагласи дека спортскиот успех не смее да биде нарушен од вакви срамни постапки. Клубот упати извинување до УЕФА, во својство на организатор на натпреварувањето, како и до раководството и фудбалерите на Ајакс.
Реакции за однесувањето на навивачите стигнаа и од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и градоначалникот на Сплит, Томислав Шута, кои јавно го осудија инцидентот. Амбасадата на Израел во Загреб, исто така, изрази згрозеност од, како што наведе, „длабоко шокантното антисемитско и нацистичко скандирање“.
Хрватските и холандските медиуми објавуваат дека се очекува УЕФА да отвори дисциплинска постапка против Хајдук, при што како можна санкција се споменува и одигрување натпревар без присуство на публика.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
