Аунг Сан Су Ќи нема да биде кандидат за претседател на Мјанмар
Лидерот на Национална лига за демократија (НЛД), Аунг Сан Су Чи, која убедливо победи на слободните парламентарни избори во Мјанмар во ноември минатата година, нема да биде кандидат за претседател на земјата.
Су Чи не успеа во настојувањето да ја увери армијата да ја укине специјалната законска одредба, според која, лидерот на НЛД не може да биде кандидирана за претседателста функија.
Според таа одредба, кандидатот за претседател не смее да биде во сродство со странци. Су Чи била мажена за британски државјанин, а и нејзините два сина се сметаат за Британци, а не Мјанмарци.
Елиминирањето на водечката политичарка во земјата на овој начин, ја натера НЛД да бара нов кандидат, па партијата се одлучи за блискиот и лојален советник на Су Чи, 70-годишниот Хтин Киав.
Покрај Хтин Киав, втор кандидат за претседател е Хенри Ван Тио.
Парламентот ќе треба да избира меѓу нив двајцата, но бидејќи НЛД има големо мнозинство и во двата парламентарни дома, се очекува Киав да биде новиот претседател на Мјанмар.
Политичките аналиитчари во земјата, но и во странство веруваат дека иако надвор од функцијата, Аунг Сан Су Ќи „од страна“ ќе ја води земјата, преку нејзниниот советникж.
Ново на Сител
-
Денеска е први април – Денот на шегата
-
Тројца починати од паднато дрво во бурата во Мичиген, стотици илјади домаќинства останаа без струја
-
САД ја олеснуваат бирократијата за инвеститорите со нов указ на Трамп
-
Законски измени за забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор
-
Марин Ле Пен: Нема да се кандидирам во 2027, но ќе продолжам со борбата
-
Облачно со повремен дожд и слаб ветер
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс