Македонија
25. July 2019 - 13:13

Ауди со германски таблички се судри со камион кај Катланово, петмина повредени меѓу кои и дете

Петмина повредени, од кои едно малолетно дете, е црниот биланс од сообраќајка која се случи на патниот правец А1 Велес – Скопје, после Катланово кај бензинската пумпа ОКТА.

Несреќата се случила околу 12:30 часот. Повреденото дете е странски државјанин и е хоспитализирано на скопските клиники.

Детето и тројца од повредените патувале со возилото со германски таблички. Нивното возило од засега непознати причини се судрило со камион.

Како што информираат од „Македонија пат” сообраќајот се пренасочува преку бензинската пумпа ОКТА.

 

ФОТО: ://a1on.mk