„Ауди“ призна дека има манипулирачки софтвер во неговите мотори
Германскиот производител на автомобили „Ауди“ (Audi), што е дел од гигантот „Фолксваген“ (Volkswagen), призна дека во моторите на своите автомобили има софтвер што во САД се смета за незаконски, пренесе ДПА.
Компанијата пред американските регулаторни тела признала дека во возилата со трилитарски дизел мотори има три софтверски програми за кои претходно нема дадено никакви информации. Едната од овие програми може да биде оценета како „манипулирачка направа“, според американското законодавство.
„Фолксваген“ тврдеше дека скандалот со емисиите е ограничен само на неговите дволитарски дизел мотори и ги отфрли сомневањата поврзани со поголемите мотори, произведени од „Ауди“.
Моторите што беа засегнати од аферата „дизелгејт“ на „Фолксваген“, сепак, биле употребени во некои од моделите на компанијата ќерка.
„Ауди“ признава дека првично не ги информирала американските власти за програмите во трилитарските мотори, но тврди дека целта на софтверот не била да манипулира со емисиите на издувни гасови.
Според портпаролот на компанијата, возилата со овие мотори не можат да разликуваат дали се движат по пат или се во режим на тестирање, што софтверот на „Фолксваген“ може да го прави незаконски.
Ново на Сител
-
Манасиевски: Човек како Митовски не смее да биде градоначалник
-
Високите цени и потребата од нови мерки ќе се разгледуваат на ЕСС следната недела
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија