Тенис
19. February 2018 - 18:30

АТП:По 6 години повторно на врвот на светскиот тенис

По пауза од цели 6 години најомилениот тенисер во светски рамки, Роже Федерер повторно е најдобар во светскиот тенис и  прв рекет на АТП ранг-листата. 

 
Швајцарецот вчера победи на  турнирот во Ротердам, и уште со пласманот во полуфиналето ги собра потребните бодови за повторно,да се врати на врвот. 
 
Федерер, кој со 20 Грен слем титули е убедливо најуспешен на сите времиња, со 36 години, 6 месеци и 11 дена стана и највозрасниот тенисер во историјата кој стигнал до ова место на АТП листата. 
 
„Федекс“ синоќа експресно го освои својот втор трофеј оваа сезона, откако со идентични 6-2 славеше над Григор Димитров, а претходн го освои и првиот Грен слем турнир, Австралија Опен.