-->
-->
АТП: Нема поени за тенисерите во Рио
-->

На Олимписките игри во Рио де Жанеиро нема да се освојуваат бодови за АТП листата, потврди Меѓународната тениска федерација.
„Сепак веруваме дека на тенисерите ќе им претставува чест да настапат на Игрите и дека неосвојувањето бодови нема да вилијае врз нивната одлука да настапат на ОИ“, рекол претседателот на Меѓународната тениска федерација, Дејвид Хагерти.
Шпанскиот спортски дневен весник Marca, кој прв ја објави веста, тврди дека Меѓународната тениска федерација одбила економски да помогне турнирите кои ќе се играат во исто време кога ќе се одржуваат и ОИ, поради што од оваа организација решиле да не се доделуваат АТП бодови.
Победниците на претходните два олимписки турнира, Рафаел Надал и Енди Мари, покрај златниот медал добиваа и 800 АТП бодови.
Олимписките игри на програмата се во август наредната година, а тенискиот турнир ќе се игра на тврда подлога.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп за фотографиите со Епстин: Го знаеше секој, нема ништо спорно
-

Имамоглу собра над 25 милиони потписи за претседателска кандидатура, тврди опозицискиот лидер Јозел
-

Жртвите од поплавите и лизгањето на земјиште во Индонезија надминаа илјада лица
-

Захарова: Ако ЕК сака, нека „ја напушти планетата додека постојат Руси“
-

Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите
-

Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово
-

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
