Loading Video...
Фудбал
13. May 2021 - 16:45

Атлетико на чекор до шампионската титула во Ла Лига

Атлетико Мадрид направи голем исчекор кон освојување на шампионскиот трофеј во шпанската Ла Лига. 
 
Со головите на Караско во 16-тата и Кореа во 28-минута популарните „јорганжии“  ја најавија победата над Реал Сосиедад со 2:1 во натпреварот од 36-коло во Ла Лига, а со трите освоени бодови екипата на Атлетико Мадрид направи голем исчекор кон освојување на шампионскиот трофеј. 
 
Атлетико сега има 4 бодови повеќе од Барселона која киксна во дуелот со Леванте и одигра 3:3, додека трето пласираниот Реал кој вечерва и гостува Гранада заостанува пет бодови зад градскиот ривал Атлетико. 
 
До некаде и Севилја е сеуште во игра за трофејот, но андалузиската екипа има дури шест бодови помалку од лидерот на табелата, а до крајот на првенството остануваат уште две кола.