Loading Video...
Фудбал
14. јуни 2020 - 16:28

Атлетик и Атлетико одиграа без победник

 
 
Дуелите меѓу Атлетик и Атлетико секога привлекувале големо внимание, па таков беше и денешниот што се одигра во Билбао, а што заврши без победник 1:1. 
 
Двата гола беа постигнати во првиот дел и тоа во рок од две минути. 
 
Домаќините поведоа во 37.минута со погодокот на Икер Муниаин, но само две минути подоцна Диего Коста го израмни резултатот, кој се покажа и како конечен на овој натпревар. 
 
Тимот од Мадрид пропушти шанса да се пробие на четвртокот место на табелата, па во трката за квалификациите за Лигата на шампионите, популарните „Јорганџии“ влегуваат со 46 бодови колку што имаат Сосиедад и Гетафе. 
 
Атлетик Билбао е на 10-место, но со само пет бодови помалку од Валенсија која е на седмото место кое води во Лига Европа. 
 
До крајот на сезоната во Ла Лига има уште десет кола.