Атлантски совет на Црна Гора: Русија со дезинформации се обидува да го дестабилизиран Западен Балкан

Државните авторитети успешно одговорија на странските обиди да го попречат евроатлантскиот пат на Црна Гора на минатогодишните парламентарни избори, а во тој момент од круцијална важност беше поддршката од сојузниците, изјави синоќа црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ на Зимската безбедносна работилница во Подгорица.
- Развојот на информациски и комуникациски технологии значително ја промени природата на денешните конфликти, а информацијата како ресурс од стратешко значење, стана главно средство на модерното војување, истакна Бошковиќ. Тој оцени дека кибер заканите и хибридното војување станаа дел од современите предизвици кои е тешко да се предвидат.
Претседателот на Атлантскиот совет на таа земја Саво Кентара оцени дека Русија со дезинформирање настојува да го дестабилизира Западен Балкан и да ги подрие демократските напори и напредокот на земјиоте од регионот. Тој додаде дека треба да се очекува Русија да продолжи да се позиционира како геополитички противник на западните демократии, јави Радио телевизија Црна Гора.
Кентара изјави дека минатата година Русија се вмешала во претседателските избори во САД и со тоа го нападнала интегритетот на американскиот демократски систем, а подоцна истото и го направила на Црна Гора.
- Русија ја искористува отвореноста на демократските општества, со цел од внатре да ги подрие со активни мерки, што всушност претставува политичка војна, истакна Кентера.
- Не можеме да очекуваме дека Русија, базирана на разузнавачките мрежи, да се откаже од употребата на својот најразвиен апарат и да престане да се меша во внатрешните работи на државите кои ги смета за противници, тврди Кентера.
- Во случајот на Русија, дезинформирањето е еден од инструментите за спроведување стретешки надворешнополитички интереси, јакнење на руската меѓународна политика и заштита на руските економски интереси. Тој дополни дека борбата против дезинформациите не смее да биде борба на „оган против оган“.
Од друга страна, амбасадорката на САД во Подгорица маргарет Уехара изјави дека членството на Црна Гора во НАТО довело до три позитивни резултати, односно ја потврдува политиката на отворени врати на НАТО, ја поттикнува безбедноста и стабилноста на регионот и ја нагласува користа од реформи, посебно на владеење на правото и доброто управување.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
