Атлантска туна продадена за 108.500 евра во Токио
Сопственик на синџирот суши ресторани ја купи денеска за 108.500 евра првата атлантска туна оваа година на познатиот пазар Чикиџи во Токио, најголем рибен пазар во светот.
Цената од 14 милиони јени (108.500 евра) за џиновска туна оваа година е три пати поголема во однос на 2015 година, но под рекордот во 2013 година кога е продадена за 155,4 милиони јени (тогаш 1,2 милиони евра).
Туната минатата година беше продаденаза 4,51 милиони јени (31.350 евра).
Овогодишната туна ја купи Кијоши Кимура, сопственик на синџирот ресторани Суши Занмај.
Продадената туна уловена е рано изутринава кај градот Ома, на северниот дел на Јапонија.
Јапонците се големи љубители на атлантска туна кои обично ја јадат сурова како суши или сашими. Таквото јадење, од тој вид туна, чини околу три илјади јени (23 евра) во подобрите ресторани во Токио.
Ново на Сител
-
Во Oхрид забрзано се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица