„Атлантик“: Во Сирија во тек е војна на секој против секого
Веројатно на Иран, Израел, Турција, Русија и САД никој не им кажал дека победата над терористите, требаше да претставува крај на седумгодишната војна во Сирија, оценува американскиот магазин „Атлантик“ во својата анализа на состојбата во ова блискоисточна земја.
- Тоа не е само уште една ерупција на насилство во оваа како што изгледа бесконечна војна. Тоа е судир меѓу двете најголеми светски сили - САД и Русија, меѓу двете членки на НАТО - САД и Турција и меѓу заколнатите непријатели - Израел и Иран. оценува магазинот.
Експертот на вашингтонскиот Атлантски совет, Фајсал Итани во изјава за „Атлантик“ оценува дека војната во Сирија никогаш не била толку интернационализирана како што е сега.
Магазинот оценува дека во моментов силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад, со поддршка на Иран и Русија, успеале да ги потиснат бунтовниците.
- Меѓутоа, ниту една од странските сили не е задоволна со сегашниот стаус кво. Секоја од силите проверува колку далеку може да отиде во заштитата на своите интереси - честопати и во буквална смисла, смета „Атлантик“.
Според магазинот, Турција не е подготвена да се согласи на зајакнување на позициите на сириските Курди, кои ја имаат поддршката на САД.
- Од друга страна, Вашингтон по се изгледа е цврсто решен во својот став да остане во Сирија за да спречи воскреснување на терористичките групи и да го оневозможи планот на Иран за ширење на своето влијание во источниот Медитеран. Израел ги поддржува плановите на САД насочени против Иран, додава весникот.
Русија од своја страна сака да опстане нејзината сојузничка Влада во Дамаск и да го задржи своето воено присуство во источниот дел на Средоземното Море, со што, според „Атлантик“, би си ја обезбедила позицијата на светски лидер, каква што имаат САД.
- Иранците се обидуваат да создадат долгорочна стратешка воена инфраструктура во Сирија, да изградат фабрики за производство на ракети и да префрлат таму муниција со голема прецизност, смета „Атлантик“.
Ново на Сител
-
Двајца браќа осомничени за убиство од користољубие во кривопаланечко Луке
-
Филков-Божовиќ: Северна Македонија и Црна Гора имаат многу сличности во процесот на реформи
-
Уставниот суд утре ќе одлучува дали Џафери го дискриминирал Апасиев
-
Објавен конкурсот за распределба на 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина
-
Рокас: Корупцијата е голем предизвик за земјата, потребна е забрзана промена за постигнување на реформите
-
Министерство за здравство: Се залагаме за брзо расчстување на случајот со земање мито
-
Кирков: Продолжува хоророт во скопската Зоолошка градина, погинаа две лами од редок вид
-
До средината на мај сите училишта во Кисела Вода ќе имаат фотоволтаици