Атина ќе го информира Скопје за ратификацијата на Преспанскиот договор и Протоколот за НАТО
Атина денеска се очекува да испрати Вербална нота до Скопје со која ќе информира дека Грција го ратификуваше и Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, најави вчера алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Јоргос Катругалос, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, вчера ги појасни следните чекори откако грчкиот Парламент во петокот даде зелено светло за Протоколот за членство во НАТО, а на 25 јануари го ратификуваше Договорот од Преспа.
– Во понеделник ќе биде испратена Вербална нота што ќе информира за ратификацијата на договорот и во продолжение Северна Македонија ќе ги информира ОН, но и сите земји членки што ја признаа под уставното име, така што од сега па натаму признавањето да биде со новото уставно име. И секако, од понеделник започнуваат нејзините обврски, во внатрешноста да фги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име, како што беше договорено, објаснува Катругалос, за грчката новинска агенција, пренесе МИА.
Алтернативниот шеф на грчката дипломатија за АНА-МПА, на прашањето дали од следната седмица соседната земја ќе биде обврзана да го користи новото име, одговара позитивно и додава дека Договорот од Преспа е јасен во однос на тоа.
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик

