Атина го отфрли и третото барање на Анкара за екстрадиција на осумтемина турски војници
Советот на судии во Апелацискиот суд во Атина денеска едногласно да го отфрли и третото барање на Анкара за екстрадиција на осумтемина турски војници, кои ден по неуспешниот обид за пуч во Турција во 2016 нелегално пристигнаа во Грција.
Советот го отфрли барањето со образложение дека нема нови елементи во третото барање за екстрадиција и дека ситуацијате во Турција во однос на човековите права е непроменета.
Одлуката на Советот на судии ја прифати и обвинителот, кој предложи да се одбие и ова барање на турските власти, а војниците да не се екстрадираат во Турција.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, „Катимерини“ пишува дека обвинителот, повикувајќи се на одлуката на Врховниот суд, повторил дека во случај на екстрадиција, нема да имаат фер судење и постои сериозна опасност војниците да бидат изложени на тортура.
Во исказот што го дале војниците, според истите информации, ја опишале ситуацијата во Турција и говореле за последиците врз нивните семејства кои се подложени на прогон, а ги отфрлиле сите обвиненија за кои се товарат во предметот испратен од Турција.
- Кога размислуваме за таа вечер, беше како да избувна пожар во нашиот дом и ние решивме да се заштитиме, заминувајќи кај соседот. Не знаеме кој го подметна пожарот, а нашата судбина зависи од тоа како нѐ гледа соседот, рекол еден од војниците.
Грчките медиуми не ја исклучуваат можноста да има и четврто барање од Анкара за екстрадиција, особено по видеото што вчера го објави турската агенција Анадолија на кое се гледаат осумтемина војници како се подготвуваат да побегнат во Грција.
Видеото не беше вклучено во документите со третото барање, па токму затоа се појавија и шпекулациите за четврто барање.
Паралелно, во Грција, во тек е процесот по барањата за азил што ги доставија осумтемина турски војници.
Ново на Сител
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата
-
Руските безбедносни сили упаднале во притворниот центар и ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници
-
Сиљановска-Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Талибанците ќе испратат делегација на претстојниот состанок во Доха за Авганистан
-
66-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Илинден
-
Курбан Бајрам одбележуваат припадниците на муслиманската вероисповед
-
Во Владата истакнат премиерски портрет на Џафери