Атина го осуди нападот на аеродромот во Истанбул
Го изразуваме нашиот гнев и згрозеност и недвосмислена осуда на вчерашниот смртоносен терористички напад на аеродромот во Истанбул, што резултираше со трагична смрт на десетици невини луѓе, соопшти денеска грчкото Министерство за надворешни работи.
Како што јавин дописникот на МИА од Атина, во соопштението исто така се изразува сочувство до „пријателскиот турски народ и семејствата на жртвите“, како и желби за брзо закрепнување на повредените.
- Веднаш по експлозиите, единица од Генерален конзулат во Истанбул отиде до аеродромот и под постојана конзуларна помош до раните утрински часови им помагаше на грчките државјани кои биле на аеродромот и им обезбеди транспорт до хотелите во Истанбул. Од утрово, генералниот конзулат ги спроведува сите неопходни активности за олеснување на враќањето на грчките граѓани. Не постои индикација или информации дека има Грци меѓу жртвите или повредените“, информира грчкото Министерство.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите