Атина два дена без такси превоз

Таксистите во областа Атика, поширокиот регион на Атина во 6 часот утрово започнаа 48-часовен штрајк, со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина.
Штрајкот е организиран од синдикатот на такси превозници (САТА) кои реагираат за министерската одлука со која им се дозволува на приватни комбиња да пренесуваат патници.
Паралелно, бараат повлекување на конкретната одлука, но ги истакнуваат и останатите нивни барања како што се: поддршка на професионалните такси возачи; ставање крај на дигиталните платформи за такси превоз; итно решение за хроничните проблеми на таксистите; дозвола за движење во автобуските ленти итн.
-Оваа борба не е само за таксистите. Тоа е борба за демократија, за достоинство, за правото на работа. Тоа е и борба за патниците, соопштија од САТА.
Штрајкот на таксистите ќе заврши в четврток во 6 часот наутро.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
-

Преглед на вестите од светот
-

Еден загинат и четворица повредени градежници во Кисела Вода
-

Синдикатот на градежници бара инспекциски надзори пред трагедија, а не откако ќе загине работник
-

Кој се е инволвиран во илегалниот увоз на ботокси и филери?
-

Подготвително рочиште за деветтемина полицајци обвинети за поврзаност со пожарот во „Пулс”
