Атина: 25.000 луѓе на протестот за „не“, 20.000 на протестот за „да“
Во центарот на Атина се собраа две ривалски групи два дена пред референдумот, околу 25.000 противници на програмата на меѓународните кредитори за спас на Грција и околу 20.000 на оние кои на претстојниот референдум во недела ќе гласаат за мерките.
На насобраните на собирот за поддршка на гласот „не“, на плоштадот Синтагма пред Парламентот, подоцна ќе им се обрати грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Демонстрантите кои ја поддржуваат програмата на кредиторите, кои се собраа пред стадионот „Панатинаикос“, само 800 метри оддалечен од плоштадот Синтагма, извикуваа проевропски слогани, предупредувајќи дека по референдумот Грција би можела да ја напушти еврозоната.
Грчката полиција вечерва се судри со демонстранти на протестот на кој се собраа противници на договорот со меѓународните кредитори, а во еден момент полицијата фрли и шок бомби, јавија грчки медиуми.
Ново на Сител
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет