-->
-->
Аталанта извлече „реми“ против Јувентус
-->
Фудбалерите на Аталанта останаа непоразени во дуелот против шампионот Јувентус, во воведниот натпревар од 34.коло на италијанската Серија А.
На средбата во Бергамо, екипите на Аталанта и Јувентус одиграа без победник 2-2. Иако домаќините поведоа во последната минута од првото полувреме (45) со голот на Андреа Конти. Сепак, во вториот дел Јувентус успеа да направи предсврт и тоа со автоголот на Ленардо Спинацола (50) и погодокот на Дани Алвеш (83). Но, домашниот тим не се откажа па со голот на Ремо Фројлер (89).
Со освоениот бод Аталанта останува во трка за петото место кое носи пласман во Лига Европа следната сезона, додека Јувентус кој е лидер на табелата сега има 9 бодови повеќе од второ пласираната Рома.
Вечерва (20 часот 45 минути) ќе се игра натпреварот Торино – Сампдорија, додека останатите осум натпревари на програмата се утре, а двојките се: Рома – Лацио (од12:30 часот), Каљари – Пескара, Кротоне – Милан, Емполи – Сасуоло, Џенова – Киево, Палермо – Фиорентина, Болоња – Удинезе (од 15 часот) и Интер – Јувентус (од 20:45 часот).
Табела: Јувентус 84 бодови, Рома 75, Наполи 71, Лацио 64, Аталанта 64, Милан 58, Интер 56, Фиорентина 55,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност