Астронаутка на НАСА планира да гласа од вселената на изборите во САД
Астронаутката на американската вселенска агенција НАСА, Кејт Рубинс, денеска изјави дека планира да гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните избори во САД.
Рубинс моментално се наоѓа во Русија, каде со двајца други космонаути се подготвува кон средината на октомври да бидат лансирани кон Меѓународната вселенска станица. Тројцата таму треба да останат шест месеци.
„Мислам дека е многу важно секој да гласа. Ако можеме да го сториме тоа од вселената, верувам дека луѓето ќе можат да го сторат тоа и од земја“, изјави Рубинс за американските медиуми.
Повеќето американски астронаути живеат во Хјустон, во сојзуната држава Тексас, која на своите граѓани им овозможува да гласаат од вселената преку безбедно електронско гласање.
„Во нашата демократија клучно е да учествувате на изборите. Чест ни е што можеме да гласаме од вселената“, рече Рубинс.
Ново на Сител
-
Алиу донесе решение за разрешување на директорот на Клиниката за неврологија, Кузмановски
-
Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори
-
Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ
-
За моето семејство напаѓам како лав | Роберт Спасенцовски - Џокер | Sitel Podcast 117
-
Николоски: На 19-ти да гласаме, од 20-ти да работиме, време е за промена и во Валандово
-
Мицкоски: Трилингот СДС-ДУИ-Левица се обидува да ја врати Македонија назад, ВМРО-ДПМНЕ се што ветува реализира
-
Мачадо: Нобеловата награда за мир е „огромно признание за борбата за сите Венецуелци“
-
Крадел производи поставени пред маркет и нападнал вработена - приведен кавадарчанец