Астронаутка на НАСА планира да гласа од вселената на изборите во САД
Астронаутката на американската вселенска агенција НАСА, Кејт Рубинс, денеска изјави дека планира да гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните избори во САД.
Рубинс моментално се наоѓа во Русија, каде со двајца други космонаути се подготвува кон средината на октомври да бидат лансирани кон Меѓународната вселенска станица. Тројцата таму треба да останат шест месеци.
„Мислам дека е многу важно секој да гласа. Ако можеме да го сториме тоа од вселената, верувам дека луѓето ќе можат да го сторат тоа и од земја“, изјави Рубинс за американските медиуми.
Повеќето американски астронаути живеат во Хјустон, во сојзуната држава Тексас, која на своите граѓани им овозможува да гласаат од вселената преку безбедно електронско гласање.
„Во нашата демократија клучно е да учествувате на изборите. Чест ни е што можеме да гласаме од вселената“, рече Рубинс.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Златко Кузманов, д-р по безбедност и претседател на Центарот за Интегрирана безбедност
-
Пациентите со дијабетес бараат редовни офталмолошки скрининзи за ретинопатија за да спречат слепило
-
Израел и Хамас се договорија за првата фаза од договорот за мир
-
Приведени 6 лица за тендерски малверзации во РЕК Битола
-
Сведочење во Кривичен: Пред Нино Васев не биле давани лекови на реверс на Онкологија
-
Од булевари и подземни улици до социјални мерки - Ветувања на кандидатите за градоначалници на Скопје
-
Локални избори 2025
-
Изборна кампања